OOC: Epa decki pocnuvame

. Sega ke dadam voved vo prikaznata i pravecot vo koj od prilika bi trebalo da se dvizi. Se so ne e jasno slobodno prasaj te preku PM , tuka osven postovi sto se odnesuvaat na temata ne treba da ima veke, edinstveno ako e neso kratko moze so naznaka "OOC"(out of character) da pisete ali trudete se da bide poretko za da ima nekakov izgled temava. RPvo ke bide nekoja komedija/ misterija/ avantura

, malce poopusteno kako za pocetok

---------------------------------------------------------------------------
Ќе се збори за 25 годишен крадец кој ги изгубил своите родители и израснал во сиропиталиште.
Дејството се одвива во Њу Јорк. Може да се уклучите како членови на бандата на Џонатан, имињата можете само да ги давате.
Приказната почнува како Џинатан и неговиот другар, Карл, ограбуваат една банка. Таму ке најдат нешто што целосно ќе им ги измени животите .... а што е тоа ќе откривам во текот на приказната

Сите што сакаат да учествуваат нека прочитаат и нека ми пратат ПМ за да ми кажат, по што јас ќе им дадам информации за приказната и патот по кој сакам таа да се движи. Сите постови дирекно во темата ќе бидат одговорени со ПМ и потоа избришани

, ова нема да го правам зашо сум фраер

него се со цел приказната да не биде прекинувана и да имаме некаква целина

Џонатан беше среќно момче, имаше прекрасно семејство, татко му, Стив, и мајка му, Џоана, беа прави родители, секогаш обезбедувајќи му се што нему му беше потребно и се што им беше во можностите. Имаше многу другари со кои го поминуваше своето слободно време. Но, се тоа еден ден му беше одземено...
Една пролетна ноќ тој со своите родители се шеташе низ паркот кога...
" Вадете ги парите и накитот ВЕДНАШ!!!!!" тоа беше некој наркоман кој зивееше во паркот ограбувајки случајни минувачи. Во раката имаше пиштол.
" Вадете ги парите нема уште еднаш да повторам!!!!" се закани тој со вперувајќи го својот пиштол во нив.
" Во ред , сега само смирете се." тоа беше татко му на Џонатан , кој посегна по својот новчаник. Но, напаѓачот не сакаше така зборуваат со него, тој тргна по ташната на Џоана. Дојде до мешаница, Стив успеа да мѕ ја фати раката со која тој го држеше пиштолот... Но... "БАМММ"... Стив падна на земјата мртов, крв бликаше од неговите гради, напаѓачот во паника се сврте накај Џоана и... " БАМ, БАМ!!!" Џоана беше мртва... Еден од двата истрела ја беше погодил во главата. Тој го сврте пиштолот кон Џонатан, кој само замижа.
Тогаш во далечината се слушна лаење на полициски куќиња, напаѓаќот се сврте и поќна да бега, полицајците стигнаа, еден од нив застана до Џонатан.
" Момче дали си повреден? " Џон само гледаше во своите мртви родители. Кога и полицаецот ги здогледа " Ох боже. Дајте нешто да ги покриеме."
" Веднаш капетане. " одговори еден од другите полицајци.
" Не се секирај момче ќе го фатиме."
Тоа и се случи, но штетата веќе беше направена, Џонатан ги изгуби своите родители, и поради тоа што немаше други роднини беше префрлен во локалното сиропиталиште.
Полицаецот кој што го најде, Кап. Браун, го посетуваше секогаш кога можеше, тој немаше деца, а на Џонатан му беше добредојдено вниманието.
Децата од сиропиталиштето немаа високи достигнувања во животот, обично стануваа крадци и криминалци. Истото се случи и со Џонатан, почна како ситен крадец ограбувајќи продавници и случајни минувачи, кога и да западнеше во невоља тука беше Кпт. Браун да го извади. Но, како што растеше тој со своите пријатели од сиропиталиштето почнаа да целат повисоко, банки, менувачници и слично. Крадењето стана негова професија, од тоа живееше и доста комотно, би можело да се рече.
Една вечер тој со својот пријател, Карл, тргнаа да ограбуваат една банка, дел од синџирот "Westpoint Int."
Две сенки се приближуаат кон задниот влез на банката за да не привлечат вниманиа на некој случаен минувач. Едниот се приближи кон вратата и почна со работа..
" Проклетство Карл мораше ли да го заборавиш декодерот баш сега?" нервозно рече Џонатан и го удри Карл по тилот.
" Аууу...Извини брат , несакајќи беше, а такви потези нема да ја отворат вратава." се бранеше Карл обидувајќи се да ја отвори вратата.
" Понекогасш се рпашувам зошто работам со тебе, толку си бескорисен на моменти."
" Можеби зошто ме сакаш и зошто одиш со сестра ми и ако ме откачиш и таа тебе ќе те откачи?" се најсмевна тој.
" Хмм... прав си." се насмеа и тој " ај сеа сконцентрирај се и отворија вратава."
" Ок , само секунда... значи малце навака, малце натака и ... Пииип ... вратата е отворена. " задоволно се насмеа Карл.
OOC: За сега ќе оставам вака. Како што кажав погоре кој е заинтересиран нека ми каже преку ПМ, за да добие инфо и да моземе да продолжиме

Мислам дека ќе биде интересно и дека брзо сите ќе се вклопат

Ќе цекам 3-4 дена.